Објавено на:

Брисел одмрзна 10 милијарди евра за Унгарија по одобрување на реформскиот план

t

Министрите за финансии на државите членки на ЕУ во петокот го одобрија новиот унгарски национален план за закрепнување и отпорност, со што се отвора можноста за пристап до досега блокираните средства во износ од 10 милијарди евра.

Средствата беа блокирани поради сериозни и систематски прекршувања на принципите на владеењето на правото за време на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Новата унгарска влада на премиерот Петер Маѓар поднесе изменет предлог на националниот план за закрепнување и отпорност, кој денеска беше одобрен.

Од Механизмот за закрепнување и отпорност, Унгарија има право на 10 милијарди евра, од кои 6,5 милијарди евра се бесповратни средства, а 3,5 милијарди се поволни кредити.

Советот денеска го одобри новиот план за закрепнување и отпорност (РРП) за Унгарија. Новиот план би требало да овозможи исплата на 10 милијарди евра на Унгарија, што се состои од околу 6,5 милијарди евра бесповратни средства и околу 3,5 милијарди евра кредити.

Советот на ЕУ наведува дека изменетиот унгарски план за закрепнување и отпорност ќе обезбеди заштита на финансиските интереси на Унијата, ќе ја засили унгарската рамка за борба против корупцијата, ќе ја зголеми транспарентноста на јавните ресурси и јавните набавки, и ќе ја подобри вклученоста на засегнатите страни и социјалните партнери во законодавниот процес. Новиот план вклучува и мерки за зајакнување на независноста на правосудството и владеењето на правото во Унгарија.

Исплатата од Механизмот за закрепнување и отпорност се заснова на исполнување на зацртаните цели, што означава дека Комисијата ги исплатува износите на секоја земја дури откако таа ќе ги исполни договорените клучни етапи и цели кон завршување на реформите и инвестициите вклучени во нивниот план.

На Унгарија ѝ остана многу малку време за повлекување на досега блокираните средства. Крајниот рок до кога членките мора да ги спроведат сите реформи и инвестиции и да ги исполнат сите зададени цели и клучни етапи е 31 август, до 30 септември е рокот за поднесување на конечните барања за исплата, а крајниот рок за исплатите е 31 декември оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брисел одмрзна 10 милијарди евра за Унгарија…

Министрите за финансии на државите членки на…

Маѓар затвори два државни медиуми

Два унгарски државни медиуми кои се сметаат…

Орбан: Владата на Тиса ја води земјата…

Лидерот на унгарската опозициска партија Фидес и…

Маѓар тврди дека поранешниот претседател на Унгарија…

Поранешниот унгарски претседател Јанош Адер оцени дека…

Маѓар објави документи – Орбан наводно планирал…

Политичка бура ја тресе Унгарија откако премиерот…