Објавено на:

Британец осуден за убиство е прогласен за невин по четири децении борба за правда

t

Пресудата на Апелациониот суд во случајот на Питер Саливан става крај за, како што многумина сметаат, најдолготрајна грешка во правдата во британската историја, пренесува Скај Њуз.

Тој бил прогласен за виновен за убиството на 21-годишната Дајан Синдал во 1986 година, која била претепана, силувана и оставена во уличка во Биркенхед, Мерсисајд.

Саливан, кој бил затворен во 1987 година – отсекогаш тврдел дека е невин и првпат се обидел да ја оспори својата пресуда во 2016 година, но Комисијата за преглед на кривични предмети  одби да го упати случајот, а тој ја изгуби и сопствената жалба во 2019 година.

Две години подоцна, тој повторно побара од Комисијата да го разгледа неговиот случај, а новите тестови, нарачани од комисијата, открија дека ДНК-та на г-дин Саливан не била присутна на примероците зачувани во тоа време.

На денешното рочиште, адвокатите на Саливан му рекоа на Апелациониот суд во Лондон дека новите докази покажуваат дека убиецот на Синдал не бил тој што е долги години обвинет.

Осудениот Саливан поништувањето на четиридецениската пресуда го сослуша онлајн, преку видео повик, а според Скај Њуз, пресудата ја примил емотивно и низ солзи.

 -Ја изгубив слободата пред четири децении поради кривично дело што не го сторив. Она што ми се случи беше многу погрешно, но не го намалува фактот дека она што се случи беше гнасна и најстрашна загуба на животи.“

Тој додаде дека не е ниту лут, ниту огорчен по долгите години неправедно одлежување на затворската казна. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел уби висок генерал на либанската армија

Израелската војска тврди дека возилото влегло во…

Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…

Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…

Телото најдено во буре е на српскиот…

Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до…

Апелација ја укина затворската казна за убиството…

Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…

(Видео) Тинејџери убија три лица во џамија…

Двајца тинејџери напаѓачи смртно застрелаа тројца мажи…