Објавено на:

Британците го шпионирале Берлин? Уапсен вработен во амбасадата кој предавал корисни информации за Русија

t

Британец вработен во британската амбасада во Берлин е обвинет за прекршоци според Законот за службени тајни поврзани со пренесување информации корисни за Русија, соопшти лондонската полиција, јави Ројтерс.

Дејвид Балантин Смит (57), кој живеел во Потсдам, Германија и бил вработен како обезбедување во амбасадата, во средата бил екстрадиран во Велика Британија од Германија по неговото апсење од германската полиција во август 2021 година, соопшти полицијата.

Тој е обвинет дека собирал информации од амбасадата со намера да ги пренесе на странска држава, соопшти британското Кралско обвинителство (CPS).

Ник Прајс, шеф за борба против тероризмот во CPS, рече дека Смит бил обвинет за девет прекршоци.

„Тој е обвинет за седум дела за собирање информации со намера да ги испрати до руските власти, едно за обид за комуникација и едно за давање информации на лице за кое верува дека е член на руските власти“, рече тој.

Смит во четврток треба да се појави во Вестминстерскиот суд во Лондон, соопшти полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…

Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…

Кола намерно влета во луѓе во Германија,…

Автомобил „бмв“ синоќа намерно влетал во група…

Германската агенција за вработување се противи на…

Германската влада планира да ја преполови квотата…

Германија инвестира милиони во вештачка интелигенција, планира…

Германската федерална влада планира широка соработка со…