Британците незадоволни: Албански мигранти ги полнат нивните затвори
Албанците ги окупираат британските затвори”, пишуваат британските медиуми во написи посветени на ситуацијата со илегалните албански мигранти кои пристигнале во Обединетото Кралство, од кои дел се влучиле во нелегални активности, пред сè производство и трговија со дрога.
Активисти предупредуваат дека Велика Британија ризикува да стане „Алкатраз на Албанија” доколку „бројот на криминалци од оваа балканска земја продолжи да расте со сегашната брзина”.
Официјалните бројки покажуваат дека во 2012 година во британските затвори имало 180 Албанци, но до минатата година бројот се зголемил речиси деветпати, односно на повеќе од 1.500. Надлежните предупредуваат дека ако бројот продолжи да расте со ова темпо, за само четири години ќе ја надмине бројката од 5.000.
– Четворица од десет луѓе, кои опасниот премин преку Каналот го поминуваат со мали чамци или пристигнуваат со камиони, се од Албанија. Само во изминатите шест недели, 1.075 Албанци со мали чамци, организирани од банди за криумчарење луѓе, го преминаа Каналот, наведуваат британските медиуми.
По големиот бран мигранти, министрите на двете земји се договорија албански полициски офицери да бидат стационирани во Довер и други британски пристанишни градови за да помогнат во идентификација и депортирањето на илегалните мигранти од Албанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама вели дека Албанија нема да им…
Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека…
Британија и Франција клучни за европската одбрана,…
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…
Евростат: Албанците најбројни по добиени државјанства во…
Околу 1,2 милиони луѓе добиле државјанство на…
Шест од десет Британци сакаат државата да…
Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…
Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…
Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…