Брод со мигранти потона кај Јемен – најмалку 68 загинати
Брод со околу 150 патници потона покрај брегот на Јемен. Според податоци на ОН, десетици луѓе загинале, а само малкумина се спасени.
По потонувањето на брод со мигранти покрај брегот на Јемен, според податоците на ОН, бројот на жртви се искачи на најмалку 68. На превртениот брод имало 157 лица, од кои досега се спасени само дванаесет, изјави утрово Абдусатор Есов, претставник на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) за Јемен. Другите патници и натаму се водат како исчезнати.
Во недела вечерта, јеменските безбедносни сили пријавија најмалку 27 мртви и повеќе од сто исчезнати. Според информациите од полициските кругови, бродот бил на пат кон брегот на јужната јеменска покраина Абјан. Покраинските безбедносни служби започнаа масовна потрага „за пронаоѓање на телата на голем број етиопски мигранти“. Телата веќе се исфрлени на неколку плажи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пет земји од ЕУ преговараат за центри…
Германија, Австрија, Данска, Холандија и Грција денеска…
Италија го продолжи суспендирањето на Шенген со…
Италијанската влада најави 15-дневно продолжување на суспендирањето…
Санчез ги обвини Русија и Израел за…
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека сè…
Десет турски државјани се обиделе нелегално да…
Околу 00:40 часот по полноќ, полициски службеници…
Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои…
Околу 3.800 мигранти кои пристигнаа од Мароко…