Објавено на:

Бројот на загинати во Газа достигна 770

t

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека досега се убиени 770 луѓе во Појасот Газа откако Израел почна со воздушни напади како одговор на нападот на Хамас.

Повредени се 4.100 луѓе.

Во меѓувреме, Франција ја потврди смртта на уште двајца граѓани во Израел, со што бројот на француски државјани убиени во нападите на Хамас се искачи на четири.

Француските власти нагласија дека немаат информации за 13 француски државјани „чија ситуација се смета за многу загрижувачка, од кои некои најверојатно се киднапирани“.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја осуди заканата на Хамас за киднапирање заложници, доколку Израел изврши воздушни напади без предупредување.

– Уцената од Хамас по терористичките дејствија е одвратна и неприфатлива, рече тој. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пополека ја губиме војната, има уште неколку…

Украина се чини дека полека ја губи…

Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари

Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…

Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…

СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…

Сите мини во меѓународните води на Ормуска…

Почина Доли Партон, кралицата на кантри музикат

Легендарната американска пејачка и авторка Доли Партон…