Бројот на загинати во Турција и Сирија надмина 46.000
Бројот на загинати во разорниот земјотрес во Турција, кој се случи на 6 февруари, е зголемен за 970 во однос на претходниот извештај, па така бројот на загинати е потврден на 46.442 лица, јави денеска Анадолија.
Во претходниот извештај од вчера, што го објави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, потврдена е смртта на 39.672 лица, додека во соседна Сирија загинале над 5.800 лица, соопшти Ројтерс.
Детето (12) кое спасувачите денеска го извлекоа од урнатините заедно со уште две лица 296 часа по разорниот земјотрес, на пат кон болница им подлегна на повредите.
Двајца постари лица и едно дете поминале 13 дена под урнатините, а спасувачите утрово успеале да стигнат до нив.
За жал, детето починало набргу откако било извлечено на безбедно
Министерот за здравство Фахретин Коча изјави дека брачна двојка била извлечена од урнатините.
„Извлековме жена по име Рагда (45) и нејзиниот сопруг Мухамед (49). Тие беа под урнатините 296 часа и сега со хеликоптер се пренесени во болница во Адана. Општата состојба им е добра, а виталните знаци се стабилни. И двајцата беа свесни“, рече Коча.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…