Брука: До кога ќе се објавуваат глупости на Фејсбук страната на ФФМ!?
Фудбалската федерација на Македонија веќе три месеци не успева да ја преземе контролата над својата официјална Фејсбук страница.
Откако за првпат пред три месеци хакери ја преземаа Фејсбук страната на ФФМ, изгледаше неодамна дека страницата е вратена бидејќи се објавуваа содржина за македонската Фудбалска репрезентација, но сепак очигледно не било така.
Набрзо одново започнаа да се објавуваат најразлични глупости кои немаат допирна точка со фудбалот, а не пак сo Македонија.
Периодот е навистина долг, па засега останува да видиме до кога некој ќе си ја користи официјалната страна на ФФМ за објавување работи по негова желба.
Извор: sportski.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…
Шпанија во генерален штрајк поради високите кирии…
Околу четири милиони луѓе се приклучиле на…
Мицкоски за буџетите на судството и обвинителството…
Владата не може да ги обезбеди законски…
КАН: Израелскиот кабинет ѝ наложил на армијата…
Израелскиот политичко-безбедносен кабинет ѝ наложил на армијата…