Брука на прославата на ВМРО-ДПМНЕ: И членовите по примерот на “лидерот” прославуваат со пиво во рака и тоа во живо на Фејсбук
Ни “Д” не останало од десничарски вредности кај “демо-христијанската”, “опозициска” партија ВМРО-ДПМНЕ.
На денешната прес-конференција по повод отварањето на градскиот штаб на партијата се прославувало, меѓу другото и со алкохол, а тоа можеше да се види и за време на прес-конференцијата која одеше во живо на Фејсбук кај Христијан Мицкоски.
За време на обраќањето на Бојан Христовски, едно од лицата кое стои зад него и Мицкоски, “лабаво” си пие пиво.
Да не беше трагично, ќе беше смешно, ама можеби земал пример од “лидерот” кој исто така обожава скара со ладно пиво, па за тоа се фалеше и на Фејсбук, а веројатно откако испил малку повеќе, почна да се расправа со луѓето кои му коментираа на објавата.

Наместо за млади, квалитетни луѓе и кадри, како што Мицкоски милува да каже “авангарда”, партијата очигледно е привлечна за пропаднати функционери, ликови кои се надеваат дека ќе ќарат нешто од партијата доколку беспоговорно кажуваат “да шефе” и ликови како господинот на кој најинтересно од прославата очигледно му било пивото.

На социјални мрежи се промовираат традиционални вредности, во пракса се нуди алкохол на официјален настан на партијата.
Инаку, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во духот на традиционалните вредности не го поддржува ниту законот со кој се забрануваат обложувалници во радиус од 500 метри од училиштата.
Како што кажа пратеникот Миле Лефков, мнозинство го злоупотребува европското знаме за да го усвои законот за игри на среќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…
Кузманоска: Од 1,6% економски раст во време…
Инвестициите скокнаа за 16,5 отсто, градежништвото расте…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…
