Бугарите бараат квоти во Македонија – Костов им одговори: Ќе влезете во Уставот кога ќе се извините за ѕверското убиство на 12 ваташки младинци

t

Аналитичарот Сотир Костов, во гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија, дебатираше со Добре Митрев кој се претставува како македонски Бугарин.

Костов зборуваше за кршењето на македонскиот суверенитет и граѓанскиот концепт на Устав во Бугарија кој не признава народи.

– Види сега вака, Бугарија ми продава граѓански концепт на Устав, а ми инфилтрира Бугари во мој Устав. Нели сте граѓански концепт и граѓански држави вие и Грција.
Немој да ми ја вреѓаш интелигенцијата, така ли ве подучија?
Ај да вратиме на ваш терен за правата на Македонците во Бугарија. – вели Костов.

Митев побара Бугарите да влезат во Уставот за да можат да добијат вработување според системот на квоти, кој како што рече е достапен за Албанците и Македонците но не и за Бугарите во Македонија, на што Костов одговори:

– Може да бидете во Уставот ама треба да покажете политичка култура, домашно воспитување…
Треба да изразите жалење за 12-те ваташки младинци, за двапати палењето на Радња, подолу е Страмашево, колени Македонци од фашизмот. Вие ќе се извините, а Сотир Костов ќе стане најголем агитатор за Бугарите во Македонија.

Дали си спремен јас и ти да идеме на еден споменик што се сомневам дека го знаеш, на паднатите борци во Македонија? Во секоја држава непознатите борци се симбол за слобода, башите кога доаѓаат трчаат кај Гоце Делчев да кажат дека е нивен. Да дадеме добар пример за вашите политици во Бугарија.

Бугарите сакаат без жалење, без извинување да ни ја бришат историјата со брусалица. Има нешто што се вика колективна и лична меморија, тоа што ми го кажала баба ми ти не можеш да ми го избришеш. Напатена е оваа македонска душа, од Грците, контрачетниците од Бугарија и четниците од Србија. – објасни Костов.

Сотир Костов ја објасни бугарската пропаганда во Македонија и како што бели тој купувањето на лажни државјанства.

– Сега вака ќе ти кажам, брат ти не е Бугарен, татко ти не е Бугарин, мајка ти е жива и здрава е Македонка, ти си македонски Бугарин од кога почнаа да се купуваат бугарски државјанства во Македонија. Ти си многу чест гостин на кавадаречките нотари, заверуваш документи вистински и фалсификувани, се стојам зад ова.

Во однос на заедничките чествувања, Костов побара наместо да се присвојуваат македонски дејци и настани, да се одбележат активностите на Македонците во Бугарија кои биле поврзани со осамостојувањето на Македонија.

– Ајде да славиме преку тввоето друштво за јубилејот на списанието Лоза што е макеоднско а издадено во Бугарија. Да ги славиме Мисирков и Чуповски, македонци на 20тиот век кои о создале Македонското литературно друштво кое е основа на МАНУ.
Да му кажеш на Радев дека и ти и тој појма немате од историја.
14-15 правосилни пресуди на Меѓународен суд не признаваате – заврши Костов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГРОМ: Некои претседателски кандидати се плашат да…

Почитувани,Во врска со информација од страна на…

Костов до “македонскиот Бугарин”: Пердуви има да…

Аналитичатот Сотир Костов во емисијата Само Вистина…

Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…

Колумната е кратка приказна за селските и…