Бугарите даваа 200 евра за идентитетот на полицаецот кој ги апсеше – Николовски им го даде за без пари!
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот Фејсбук профил напиша дека ние Македонците сме гостопримлив народ за сите со добра мисла кои сакаат да ја посетат нашата земја.
„Секој кој со добра мисла сака да ја посети нашата убава земја е добредојден. Крива Паланка покажа што е патриотизам и како не се потклекнува на навредите и провокациите. Горд сум на професионалноста на сите полициски службеници на граничниот премин Деве Баир и на мојот другар Дарко“, пишуватој.
Неговиот пост се однесува за професионалноста на полицајците и недоличното однесување на Бугарите кои добија парична казна и три годишна забрана за влез во Македонија. Но, еден од приведените синоќа преку Фејсбук нудеше награда од 200 евра за оној кој ќе го открие името и презимето на еден од полицајците на граничниот премин Деве Баир, па министерот Николовски на ФБ им го даде името – без пари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пратениците на СНС ја напуштија седницата, заминаа…
Пратениците на Српската напредна партија (СНС) утрово…
Бомба фрлена врз куќата на директор на…
Рано утринава експлозивна направа била фрлена врз…
Протестен марш против фемицидите и насилството врз…
Протестниот марш против фемицидите и насилството врз…
Вукелиќ тврди дека уредникот на Информер бил…
Заменик-главниот уредник на „Информер“, Дејан Вукелиќ, се…
Српски државјанин осомничен за криумчарење цигари на…
Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против…