Објавено на:

Бугарија оди повторно на избори: Вратен и третиот мандат

t

Партијата „ Има таков народ “ (ИТН) денеска ќе му го врати на претседателот на Бугарија Румен Радев неисполнетиот трет мандат за формирање влада во рамките на 50-то Национално собрание.

Тоа беше последна можност за редовен кабинет во овој парламент. Во оваа ситуација повторно Бугарија оди на предвремени парламентарни избори.

Во текот на изминатата недела партијата на Слави Трифонов оствари средби со речиси сите политички формации во Народното собрание и со независните пратеници.

ИТН не ја собра потребната поддршка. Ова го изјавија дел од пратениците на ДПС – пратениците околу Ахмед Доган, дел од распаднатата група на Величие, како и пратениците од БСП.

Одбивање поддршка стигна од ГЕРБ-СДС и ДПС на Дељан Пеевски, а ПП-ДБ не даде јасен одговор.

По враќањето на третиот мандат според Уставот, претседателот мора да назначи нова преодна влада.

Се очекува Румен Радев во наредните денови да го одреди датумот на следните избори. Најверојатно датумите ќе бидат на 6 или 13 октомври.

По враќањето на третиот мандат според Уставот, претседателот мора да назначи нова преодна влада.

Се очекува Румен Радев во наредните денови да го одреди датумот на следните избори. Најверојатно датумите ќе бидат на 6 или 13 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Македонија има огромно минерално богатство: Проф.…

Македонија има значителен минерален потенцијал, а современото…

Од 1 декември матичниот лекар ќе одобрува…

Од 1 декември почнуваат да се применуваат…

Новогодишна магија во Крива Паланка, плоштадот блесна…

Празнична атмосфера и новогодишна магија го исполнија…

Магаре добило сертификат за медицинска сестра во…

Полицијата во индиската држава Мадја Прадеш започнала…

Шестчасовен прекин на струјата денес во тунелот…

Тунелот Катланово денес ќе остане без електрично…