Објавено на:

Бугарија ќе добие 7 брода од Белгија и Холандија за заштита на Црното Море

t

Бугарија одобри набавка на седум брода за откривање и отстранување морски мини од Белгија и Холандија, со цел зајакнување на капацитетите за безбедност на пловидбата и заштита на поморските патишта во Црното Море.

Бугарскиот парламент во средата го одобрил договорот со Холандија, според кој Бугарија ќе добие три брода опремени за откривање и уништување мини и други слични подводни објекти. Со посебен договор меѓу Белгија, Холандија и Бугарија се предвидува пренос на уште четири брода.

Холандија се обврзала пред предавањето на сопственоста да ги обнови техничките способности и да ја зголеми оперативната подготвеност на три од бродовите. Бугарија ќе ги финансира поправките и обновувањето на сите седум пловила, со цел тие да ги исполнат стандардите на НАТО за оперативна подготвеност.

„Овие бродови за откривање мини се особено потребни. Веќе имаме три од ист тип, а со овие седум дополнително ќе ги зајакнеме нашите способности“, изјавил министерот за одбрана Димитар Стојанов пред пратениците.

Бугарија, заедно со Турција и Романија, учествува во заедничката група за отстранување морски мини во Црното Море. Трите земји ја формираа групата во 2024 година, по зголемената опасност од пловечки мини во регионот по почетокот на руската инвазија врз Украина.

На самитот на НАТО во јули, трите сојузнички земји се согласија да ги прошират задачите на заедничката група, вклучително и со активности за заштита на критичната инфраструктура.

Договорот за набавката опфаќа и обука на екипажите, обезбедување резервни делови и дополнителна опрема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…

Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…

Ивановски: Филипче и неговата група станаа фракција…

Поранешниот потпретседател на СДСМ и еден од…

Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција,…

„Јас жалам повторно што дури и оваа…

Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во…

Јас не можам да зборувам од аспект…

(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…

Во чeст на 35 годишнината на независноста,…