Бугари со измама земале пари од Охриѓани

t

Две лица од Благоевград се јавувале кај повозрасни охриѓани и лажно се претставувале дека членови од нивните семејства биле тешко повредени во сообраќајни незгоди, барајќи пари за да ги ослободат од кривична одговорност, при што изнудиле над еден милион денари.

СВР Охрид денеска соопшти дека поднеле кривична пријава против К.И.(51) и Г.М.(56), двајцата од Благоевград, Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторени 21 казнено дело „измама“.

– Пријавените, во периодот од 17 август до 10 септември годинава, телефонски им се јавувале на повеќе повозрасни лица од Охрид на кои, лажно им се претставувале и ги известувале дека блиски членови на нивните семејства, биле тешко повредени во сообраќајни несреќи. Притоа, доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им ветувале дека за одредена сума пари, можеле да им помогнат за нивно ослободување од кривична одговорност, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На тој начин, додаде, пријавените предизвикале вознемиреност кај оштетените граѓани, а во три случаи, добиле пари со што, се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 1.077.320 денари

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…

Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…

(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…

На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…

Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…

Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…

Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…

Запрен романски камион во возната лента можеби…