Објавено на:

Бугарска работа: Јорданов се радуваше на поразот на Македонија од Украина -„Сè додека се антибугари, така ќе биде”

t

Поранешниот бугарски амбасадор во Македонија и актуелен европратеник Александар Јорданов го прокоментира поразот на нашата фудбалска репрезентација од Украина, кои што се одигра пред три дена на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Јорданов го „поздрави“ поразот на Македонија од 3-2.

-Добри вести. Украина ја победи Македонија во фудбал среде Скопје. Се додека се антибугари, така ќе биде, напишал Јорданов на Фејсбук.

Ова не е прва навредлива јавна порака на Јорданов. Тој во февруари годинава во објава на социјалните мрежи, упати навреди и пцости за Македонците, квалификувајќи ги како „црвени ѓубриња“, „титоисти“, „србомански измет“ и „одродени Бугари“. Претходно припадниците на прилепскиот партизански одред што го кренаа востанието на 11 октомври 1941 година, ги нарече терористи.

Јорданов исто така провоцираше дека браќата Миладиновци објавиле бугарски народни песни, а ги нарекле македонски само затоа што биле од географскиот регион Македонија, дека кај нас се дискриминираат граѓаните што се декларираат како Бугари и дека генерално нема атмосфера за уставни промени.

Јорданов во Европскиот парламент (ЕП) дејствува како член на Европската народна партија – ЕПП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…