Бугарското собрание го прифати францускиот предлог со една измена: НЕМА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК!

t

Бугарското собрание по неколку часовна расправа го изгласа предлогот на Христо Иванов и Демократска Бугарија за прифаќање на францускиот предлог со дополнетите услови, со 170 гласа за, 37 против и 21 воздржан.

Во текот на дебатата се слушнаа многу обвинувања за тоа кој бил предавник, кој ги изневерил, а кој ги заштитил бугарските национални интереси, до речиси едногласната констатација дека ова е најдобриот предлог што Бугарија го добила до сега, и на крај транспарентите на „Преродба“ „Македонија е Бугарија“, денеска се одвива расправата во бугарското Национално Собрание за предлог одлуката поднесена од „Демократска Бугарија“ за прифаќање на францускиот предлог и кревање на ветото за Македонија и Албанија.

Претседавачот со седницата, Атанас Атанасов ги предупреди да ги спуштат за да не биде приморан да ги исфрли од салата. Овој потег на „Преродба“ ја отсликува нивната позиција во врска со Македонија, но противењето на „Има таков народ“ е поради непочитувањето на уставната процедува за носењето на оваа одлука.

-Прашањето за Република Македонија е приоритет на Владата, а одлуките треба да бидат донесени од Владата и од премиерот. Разгледувањето на ова прашање, односно, фрлањето на ова прашање во парламентот е всушност бегање од одговорноста на еден национален предавник, кој направи се што можеше изминативе три месеци да се обиде и да ја води оваа двострана политика, за која што ние први ве предупредивме, обвини станислав Балабанов од „Има таков народ“.

Судејќи според синоќешното гласање во Комисијата за надворешни работи на бугарскиот парламент, предлог одлуката ја има поддршката од „Продолжуваме со промената“, коалицијата ГЕРБ-СДС и „Демократска Бугарија“

Предлогот кој „Демократска Бугарија“ го поднесе предвидува дополнување на францускиот предлог со уште 4 услови, ефикасно имплементирање на Договорот за добрососедство, гаранција за правата на Бугарите во Македонија преку нивното вклучување во уставот како државотворен народ, дека ништо во пристапниот процес на Македонија нема да биде протолкувано како признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија, и европски гаранции дека бугарските услови ќе биде исполнети.

Северна Македонија, се извинувам, не може да отвори ниту една преговарачка тема ако не ги исполни нашите услови. Со еден збор, ако не се измени уставот, тоа нема да се случи. Нашиот интерес е гарантиран. Сфаќам дека ова прашање ви е многу фажно, но фактите се различни, оцени Настамир Ананиев од „Продолжуваме со промената“.

Покрај тоа, дебатата изобилуваше со бројни историски референци дека Бугарија во изминативе 150 години изпуштила многу можности да се обедини со своите одродени браќа во Македонија, кои до ден денешен се водат од заблудите наметнати од Југославија и Белград.

Премиерот Кирил Петков, кој вчера најави дека неговата влада оставката по изгласувањето недоверба, во понеделник ќе поднесе оставка, изјави дека не очекува бугарскиот парламент денеска да донесе одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…