Бугарското собрание конечно доби претседател

t

Конечно, по 10 неуспешни обиди, бугарскиот парламент успеа да избере спикер. На чело на Националното собрание со 140 гласа „за“ е избрана кандидатката на БСП, Наталија Киселова. Таа е правник, експерт по уставно право и предавач на Универзитетот во Софија.

Киселова беше избрана по уште еден втор круг со кандидатот на ИТН Силви Кирилов кој досега ги водеше седниците како најстар пратеник.

Во првото гласање беа номинирани и Атанас Атанасов (ПП-ДБ) и Петар Петров („Преродба“). Сепак, најмногу гласови собраа Киселова и Кирилов.

Изборот на претседател на бугарскиот парламент доаѓа месец и пол по последните предвремени избори, а Народното собрание се уште е на првата седница. За тоа време беа направени десет неуспешни обиди за избор на претседавач.

Работата на парламентот и натаму е блокирана, а без претседавач не може да се закажат ниту нови предвремени избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…

Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…

Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…

Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…

ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…

Иран упати сериозни закани за ракетни напади…

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…