Буфал: Ова е лудо, го живееме нашиот сон и не сакаме да се разбудиме
Мароко и зема мерка на Португалија и со тоа избори место меѓу четирите најдобри селекции на Светското првенство.
Мароканците славеа со 1-0 и на тој начин потврдија дека се најголемото изненадување на овој турнир на кој да не заборавиме ја добија Шпанија (пенали), славеа над Белгија, Канада и ремизираа со Хрватска на самиот почеток.
-Ова е лудо. Го живееме нашиот сон и не сакаме да се разбудиме. Се ежам. Сè што имаме, го заслуживме. Работиме напорно, -рече Софијан Буфал и додаде:
-Уште не е готово. Останува полуфиналето и ако даде Господ и финалето. Му посакувам среќа на францускиот тим, се надевам дека ќе се сретнеме во полуфиналето, -порача офанзивецот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Исчезнала млада жена од Куманово
31-годишна жена од Куманово вчеравечер била пријавена…
Меланија Трамп повика на трајно примирје во…
Првата дама на САД, Меланија Трамп, денеска…
Муцунски оствари средба со Варнс: Фокус на…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…
Мелони предупредува: Европа ризикува да остане без…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони предупреди дека Европската…
МВР: За само пет дена 25 пријави…
Во периодот од 1 до 5 ноември,…