Бoсна тргна против Америка и Европа: Изетбеговиќ ги повика исламските земји на помош

t

Лидерот на водечката бошњачка партија за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, во интервју за глобалната телевизија „Ал Арабија“ повика на посилно вклучување на исламските земји во Босна и Херцеговина за да се запрат Америка и Европа, обвинувајќи ги дека работат во интерес на Хрватите и Србите.

„Западот помага да се решат работите со договор, со компромис на наша штета. Затоа е потребно посилно влијание на исламските земји за да се направи баланс. Исламските земји треба поцврсто да застанат до нас. Да покажат поголема загриженост“, рече Изетбеговиќ за меѓународниот арапски информативен телевизиски канал кој го финансира Саудиска Арабија.

Тој додаде дека ситуацијата во политиката денес е слична на онаа од времето на војната кога Западот воведе ембарго за оружје, поради што Бошњаците не можеа да се бранат.

За најновиот развој на настаните ја обвини американската администрација која, како што тврди, ја фаворизира српската страна поради војната во Украина.

„На прво место се САД, кои сакаат да ги стабилизираат односите на Балканот така што ќе одат во корист на силните на штета на помалите народи. Пред сè, прават отстапки кон Србија за да ја оддалечат од Русија и Путин“, посочи Изетбеговиќ.

Партијата на Изетбеговиќ после последните избори се најде надвор од власта на ниво на државата и ентитетите на Федерацијата Босна и Херцеговина.Нивните позиции ги презеде блок на пробошњачки и граѓански партии кои се во коалиција со водечката хрватска ХДЗ и српската СНСД.

Изетбеговиќ има теорија дека во тоа посредувала меѓународната заедница предводена од Америка и високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит.

„Америка и Европа решија да ја тргнат од власт најсилната партија на босанските муслимани и да донесат алтернатива од бошњачкиот корпус што ќе направи отстапки на српската и хрватската страна кои станаа агресивни…“

Во интервјуто за „Ал Арабија“, лидерот на СДА, исто така, изјави дека во БиХ, низ историјата, насилно била отстранета „босанската црква“ за таа да им се приклони на Ватикан или Византија.

Тврди дека учењето на босанската црква наводно било слично на исламот, заради што „исламот многу се проширил во Босна и Херцеговина со доаѓањето на Турците“.

Рече и дека на подрачјето на денешна Босна и Херцеговина, низ повеќевековната историја, никој не се изјаснувал како Србин или Хрват, туку дека сите биле „Босанци или Бошњаци од различни вери“. Патем, пак нагласи дека тоа се сменило под притисоци и влијанија на Хрватска и Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…

Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…

(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…

На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…

Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…

Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…

Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…

Запрен романски камион во возната лента можеби…