Бpутaлно убиcтвo во центарот на Подгорица
Дејан Лакушиќ е убиен на улицата Братство и Јединство во Подгорица. Осомничениот за убиството е уапсен, потврдија за порталот РТЦГ од Полициската управа.
Како што беше соопштено, уапсен за убиството e Горан Алексиќ.
Убиството се случило во кафе барот „Стефан“.
Полицијата ја блокираше улицата каде што се случи убиството и во тек е истрага.
Како што соопшти Срѓан Корач од Полициската управа за ТВЦГ, полициските службеници биле известени дека во дворот на угостителскиот објект „Стефан“ било употребено огнено оружје.
Тој појасни дека е лишен од слобода Г.А. (1962), поради постоење на основано сомнение дека го сторил наведеното кривично дело, а полицијата го пронашла kaj него и оружјето од кое било пукано. Тој потврди дека осомничениот и бил од претходно познат на полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел уби висок генерал на либанската армија
Израелската војска тврди дека возилото влегло во…
Ел Нињо се враќа: Македонија и регионот…
Ел Нињо се буди во Пацификот и…
Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…
Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…
Телото најдено во буре е на српскиот…
Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до…
Апелација ја укина затворската казна за убиството…
Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…