Објавено на:

„ВАГНЕР“ НЕ ТРГНА НА МОСКВА ЗА ДА ГО СОБОРИ ПУТИН! Се огласи Пригожин, за првпат по бунтот

t

Водачот на приватната професионална воена формација „Вагнер“ Евгениј Пригожин зборуваше за прв пат откако неговите војници, кои се движеа кон Москва во саботата, се повлекоа.

Тој објави 11-минутна аудио порака во која вели дека никој не се согласил да потпише договор со Министерството за одбрана и дека неговата платеничка фирма мора да престане да постои на 1 јули, пренесува Би-би-си.

Пригожин јасно ставил до знаење дека не го таргетирал Путин кога објави дека неговите трупи ќе маршираат кон Москва.

– Ние не марширавме за да го собориме руското раководство. Целта на маршот беше да се избегне уништувањето на „Вагнер“ и да се повикаат на одговорност службениците кои направија огромен број грешки со своите непрофесионални постапки. Марширавме за да го демонстрираме нашиот протест, а не за да ја собориме владата – вели Пригожин во својата аудио порака.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…