Важно! Водата во Куманово не е за пиење – ова е причината

t

Утрово, денеска, до Центарот за управување со кризи до Секторот за операции и координација е побарана координација помеѓу институциите заради надминување на голем проблем за водоснабдување на градот Куманово.

Имено, по вчерашните обилни поројни врнежи од дожд и град во Липковскиот регион е предизвикано зголемување на нивото на Липковска Река, што има влијание на системот за водоснабдување – на филтер станицата на ЈП Водовод Куманово. Според информација од одговорното лице на филтер станицата се работи за количина на над 10.000 m3 заматена вода што влијае на процесот на прочистување и испорака на истата до граѓаните. Од тие причини, во моментот е појавена заматеност на водата во цевководниот преносен систем и е прекината дистрибуцијата до граѓаните, што најверојатно ќе трае во текот на целиот денешен ден, а по потреба, се до моментот на надминување на состојбата, информира ЦУК.

Од Центарот за управување со кризи, веднаш е побарано инспекциските служби и Центарот за јавно здравје од Куманово да излезат на лице место, направат увид, земат мостри за анализа и донесат соодветно решение за понатамошна постапка. Истовремено е известена и Општина Куманово за понатамошна постапка, во насока преземање мерки и активности за надминување на состојбата во интерес на граѓаните, а во моментот е воспоставена е комуникација со медиумите заради известување кон граѓаните на Куманово.

Најавено е дека во 12.00 часот ќе заседава Општински штаб со сите претставници од институции во Општина Куманово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…

Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…

ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…

Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…

НЕВИДЕН СКАНДАЛ ВО РОМАНИЈА: Речиси половина од…

Невиден скандал ја потресува романската престолнина Букурешт,…

Жена од Пехчево нападната од својот сопруг,…

На 18.11.2026 во 01:30 часот во Пехчево,…

Разбиена крајнодесничарска група во Пловдив која се…

Бугарската полиција приведе 11 лица, меѓу кои…