Важно е да се обезбеди целосна одговорност за воените злосторства во Русија, вели Пендаровски
Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на онлајн самитот на лидери и шефови на влади на земјите-членки на Основачката група за формирање Специјален трибунал за казнивост на кривичното дело агресија против Украина.
„ Македонија постојано ја истакнува важноста за постоење на независен и ефективен Меѓународен кривичен суд. Очигледно е дека мора да се обезбеди целосна одговорност за воените злосторства и сите други злосторства поврзани со војната на Русија, вклучително и одговорност за злосторствата на агресија“, вели Пендаровски.
„Целосно ја поддржуваме Заедничката изјава за формирање на Специјалниот трибунал како меѓународен механизам кој има за цел да ги гони злосторствата на агресија извршени од страна на Руската Федерација против Украина. Нашата земја се приклучи кон групата и го поддржува формирањето на Специјален трибунал кој ќе ги истражува и гони сите злосторства на агресија и да ги изведе сторителите пред лицето на правдата согласно меѓународното право“, изјави, меѓу другото, претседателот на РМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…