,,Важно e да се продолжи комуникацијата со рускиот претседател Владимир Путин”
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е важно да се продолжи комуникацијата со рускиот претседател Владимир Путин.
„Пред војната разговарав со него сам долго време во Москва. После тоа разговаравме по телефон во одредени интервали“, рече Шолц, обраќајќи им се на новинарите на самитот на Групата 20 на Бали, а ТАС С.
Шолц, кој на 15 февруари ја посети Москва и по тој повод разговараше со Путин, оцени дека ваквите контакти се многу важни.
„Можеме темелно да разговараме за прашања за кои имаме различни ставови“, објасни тој и повторно ја повика Русија да ги повлече своите сили од Украина, пренесува Танјуг.
Шолц истакна дека подеднакво е важно да се разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Инцидент во близина на воена база во…
Британската полиција соопшти дека уапсила неколку мажи…
Вандализирано детско игралиште во Карпош 1
За жал, повторно сме сведоци на вандализам…
Македонија ја посетиле 741.446 туристи за 7…
Македонија во првите седум месеци од 2026…
Кај гостиварец и тетовец пронајдена марихуана
На 26.09.2026 во 12:30 часот на ул.„Мара…