Ванковска: Мицкоски ја извиси Сиљановска?
Дали Мицкоски ја извиси Сиљановска, прашува преку објава на Фејсбук професорката Билјана Ванковска.
– Дали грешам ако кажам дека Мицкоски ја “извиси” претседателката во врска со чинот на заклетвата. Таа се истрча па сега користи немушт јазик (симболи и заменки) за да не каже Ѕеверна. Тој фино-лепо ќе си почитува уставно име и тоа го нарекува владеење на правото.
Освен тоа, пак прават акробација со Законот за локална самоуправа на противуставен начин, а таа (професорка по локална самоуправа и експерт на Советот наЕвропа) не гледам дека планира да му се обрати на собранието со контрааргументи (вето не може да стави на закон кој се носи со двотретинско мнозинство).
Позициите на англиска кралица веќе се дефинирани. Сега ќе си владее Мицкоски со партнерите.- напиша Ванковска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
Сиљановска-Давкова побара помош од дијаспората во спречувањето…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на…
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…