Вардар ги пушти во продажба билетите за Рајн Некар – цената е популарна!
Првиот официјален натпревар за Вардар во новата сезона може да се оцени и како најважен, со оглед што станува збор за дуелот на домашен терен од квалификацискиот меч против германскиот гигант Рајн Некар за влез во групната фаза од Европската лига на ЕХФ.
Средбата е закажана за 26 август во салата „Јане Сандански“, а билетите за овој спектакл веќе се пуштени во продажба и тоа по релативно популарни цени. Местото на трибините од каде што ќе може да му се даде поддршка на двојниот европски шампион на патот кон враќање во европската елита ќе може да се купат по цена од 200, 250 и 300 денари, а од денеска се во продажба преку интернет.
Ако во следните седум дена на овој начин не се продадат сите влезници за спортскиот центар во скопската населба Аеродром, тогаш фановите ќе може да ги обезбедат и на билетарницата пред салата на денот на натпреварот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…
Димитриеска Кочоска: Министерството за финансии нема никаква…
На надзорната расправа во Комисијата за финансирање…
73-годишна жена била пронајдена почината во нејзиниот…
73-годишна жена вчера била пронајдена почината во…