Вардар со апел до Пелистер: Да го вратиме сјајот на дербито – со две навивачки групи на трибините!
Најтрофејниот македонски клуб Вардар в сабота гостува кај Пелистер во Битола, каде што ќе биде пуштена во употреба и новата трибина на стадионот „Петар Милошевски“, а притоа „црвено-црните“ испратија апел до нивниот вечен ривал.
Вардар бара од Пелистер да биде дозволено присуство на навивачката група „Комити“ во Битола за повторно да се врати сјајот на вечното македонско дерби, кое овој пат се игра во Втората македонска лига, а исто така „црвено-црните“ сметаат дека дуелот ќе биде подобро да се одигра в недела, а не во сабота како што е планирано.
„Големото македонско фудбалско дерби е пред нас. Првенствено, веруваме дека управата на Ф.К. Пелистер ќе се согласи и ќе дозволи присуство на нашата навивачка група ‘Комити Запад’. Фудбалот без навивачи на трибините губи многу, затоа веруваме дека одлуката по однос на ова прашање ќе биде позитивна. Дека сме сериозни и искрени во намерата да го вратиме сјајот на големото дерби, потврдува и тоа што уште од сега јавно соопштуваме дека ќе дозволиме присуство на навивачката група ‘Чкембари Битола’ на натпреварот кој овие два тима ќе го одиграат во Скопје.
Воедно, упатуваме важен апел до управата на Ф.К. Пелистер, а тоа е да дерби натпреварот помеѓу Ф.К. Пелистер и Ф.К. Вардар, кој е закажан за оваа сабота (3.12.2022) се одигра ден подоцна, односно во недела (4.12.2022). Навивачите на двата тима тоа го заслужуваат. Ајде заедно да помогнеме да се врати стариот сјај на големото македонско фудбалско дерби.
Како клуб, стоиме на располагање за соработка и помош доколку е потребна, во однос на било кој аспект.
Недела ден за фудбал – навивачите заслужуваат!“, се вели во соопштението на Вардар.
Вардар по 13 одиграни кола е прв во Втората лига со 32 бода, односно еден повеќе од Гостивар, по што следи Воска Спорт со 30, па Пелистер со 26 бодови.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Грција досега регистрирани 157 случаи на…
За една седмица во Грција биле регистрирани…
Поранешен таен агент на ЦИА од Косово…
Американската администрација на претседателот Доналд Трамп се…
(Видео) Страшно невреме во Германија: торнадо корнеше…
Силно невреме вчера зафати делови од Германија…
(Видео) Автомобил се заби во автобуска постројка
Сообраќајна несреќа вечерва го привлече вниманието на…
Кривична пријава: Незаконски продавале отпад од ,,Тутунски…
Од МВР информираат дека се поднесени кривични…