Вардар ќе го отвори српскиот „Олд Трафорд“!
На прес-конференција претставникот на навивачката група Комити, Милорад Миленковски информираше за досегашните активности на новото раководство на ФК Вардар и престојните подготовки на фудбалерите кои ќе се одржат во Србија.
Во тек е акцијата за продажба на сезонските билети на тимот која засега е главен извор на средства за финансирање на тимот.
„Акцијата се одвива нормално, немаме некој бум, но имаме продадено над 2.500 – 3.000 карти и плус имаме компензации за услуги кои се потребни за функционирањето на ФК Вардар. Сумата од продадените први 2.000 билети веќе е префрлена на фудбалерите и стручниот штаб, кога ќе се одземат даноците и трошоците, станува збор за сума од 30.000 евра. Тоа не е бројка која ја заслужуваат нашите херои, но даваме сѐ од себе да обезбедиме колку што можеме повеќе. Можеме да ветиме дека голготата која фудбалерите ја имаа минатата сезона, веќе никогаш нема да се повтори“, рече Милорад Миленковски.
Фудбалерите на Вардар утре заминуваат на подготовки во Златибор, а пред враќањето во Скопје ќе ја имаат честа со меч против домашниот тим Дубочица да го отворат новиот стадион во Лесковац кој наликува на Олд Трафорд.
„Утре одиме во Златибор каде тимот ќе биде од 15. до 27. јули таму ќе одиграме четири пријателски натпревари. Кулминацијата ќе биде на отварањето стадионот во Лесковац, тоа би требало да биде едно триумфално финале, круна на подготовките, дуелот меѓу Вардар и ФК Дубочица“.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ferrari „Luce“ – електричниот модел од 40…
Првиот целосно електричен Ferrari, кој годинава стана…
Во големиот пожар во Хрватска изгореа 106…
Во пожарот што во ноќта меѓу 13…
ВЛЕН: ДУИ САМА ПРИЗНАВА ДЕКА ФУНКЦИОНИРА КАКО…
Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…
Физички нападнати полицајци во Тетово!
На 16.08.2026 во 21:50 часот на ул.„Маршал…
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…