„ВАСКО, ТЕ УБИЈА ИНЖЕНЕРИТЕ СО ПОДАРЕНИ ОЦЕНКИ“ – Се јави пријател на загинатиот Саздовски во Нови Сад
Пријател на научникот Васко Саздовски од Македонија кој загина во несреќата на Железничката станица во Нови Сад се огласи на социјалните мрежи.
Митко Јованов жали по својот другар велејќи дека „го убиле инженерите“, алудирајќи на написите во српските медиуми дека ниту еден градежен инженер не бил вклучен во реконструкцијата на натстрешницата која се урна убивајќи 14 лица.
„Тажна Македонијо, не можеше ли како кокошка да ги заштитиш и белите и црните пилиња под крилата, сите се твои. Научници од таков ранг, патуваат со воз, со јавен превоз и не се срамат. А некои на високи позиции, министри, менаџери и којзнае што, не знаат ни од каде ја извадиле дипломата, а имаат и лични шофери. Би сакал, но не можам да молчам, од почит кон тебе. Го сретнав и прашав како е да се биде професор на Електротехничкиот факултет во Штип. Ми рече: „Вујко Мите, ја напуштив работата. Не можам, ме тераат некому да му дадам десетка, а тој за шестка не знае. Ќе помине и ова лудило и тој инженер ќе направи некоја грешка, па некој паметен ќе се запраша кој професор го пуштил на испит“. Гледаш Васко…Не, не можам, подобро да живуркам. Епа Васе, лесна ти земја, ама те убиле некои такви инженери. За жал и денес имаме хиперпродукција на вакви инженери. Васко, со сета почит, некогаш, некаде горе, повторно ќе разговараме. Дотогаш слава ти и нека ти е лесна земјата!“, напиша Јованов во објава на својот Фејсбук профил.
Саздовски (45) од лани почна да работи во Институтот во Нови Сад каде се истражуваат и развиваат информатичките технологии за земјоделство. Бил и соработник на Институтот „Биосенс“ во Нови Сад.
Неговата кариера ја прекина трагедија во која го загуби животот при несреќа на Железничката станица во Нови Сад. Имаше сопруга и две деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица го освои Берлин, кој првпат може…
Победата на крајнолевичарската партија Левица на вчерашните…
Личните документи ќе ги имаме на мобилен…
Мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi), е национална дигитална…
ТРАМП: Голем број руски рафинерии се надвор…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно повика на…
Европа подготвува црвена линија кон Москва: Што…
Европските министри за надворешни работи ќе се…
Европа се соочува со огромен недостиг од…
Европската енергетска криза може да добие нова…