Ватикан нуди да биде домаќин на разговори меѓу Русија и Украина
Ватикан понуди да организира преговори меѓу Украина и Русија на нејзина територија, изјави надбискупот Пол Ричард Галагер, шеф на одделот за надворешна политика на Католичката црква.
Тој истакна дека Ватикан и папата секогаш биле отворени за преговори од почетокот на конфликтот, но дека „се уште не е добиен конкретен одговор“, објави украински „Главком“.
Галагер објасни дека понудата останува валидна.
„Сметаме дека е соодветно и неопходно да го понудиме и обезбедиме ова место (за преговори). Светиот Отец би имал многу позитивно гледање на ситуацијата доколку двете страни се согласат на преговори, со добри намери и во духот на барање мир и дијалог“ – рече ватиканскиот надбискуп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕК очекува сите земји членки на ЕУ…
Европската комисија денеска појасни дека се очекува…
Мерц: „Ќе ѝ покажеме на Русија каде…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека руските…
Хрватска, Унгарија, Бугарија и Грција со вета…
Помина долго време од последното проширување на…
Протестен марш против насилството врз жените денес…
Иницијативата „Ниту една повеќе“ денеска, на Меѓународниот…
Клековски очекува наскоро да добие пристап до…
Министерот за здравство Сашо Клековски очекува наскоро…