Објавено на:

Вашингтон пост: САД тајно ја принудуваат Украина да преговара со Русија

t

САД тајно бараат од Украина да сигнализира отвореност за преговори со Русија, објави Вашингтон пост.
Во исто време , Стејт департментот јавно соопшти дека Москва ја ескалира војната и дека не сака сериозно да се вклучи во мировните преговори

Весникот цитира неименувани извори кои велат дека барањето на американските официјални лица немало за цел да ја турне Украина на преговарачка маса, туку пресметан обид да се осигура дека Киев ќе ја задржи поддршката од другите нации.

Официјални претставници на САД и Украина признаа дека одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да не преговара со рускиот претседател Владимир Путин предизвика загриженост во делови од Европа, Африка и Латинска Америка, каде што најмногу се чувствуваат ефектите од војната врз трошоците за храна и гориво, според Вашингтон пост..

„Украинскиот замор е реалност за некои од нашите партнери“, изјави неименуван американски официјален претставник.

На 4 октомври, Зеленски потпиша декрет со кој официјално се изјавува дека какви било разговори со Путин се „невозможни“, но сепак ја остава отворена вратата за разговори со Русија.

Советот за национална безбедност на Белата куќа веднаш не ја коментираше точноста на извештајот.

Портпаролот на Стејт департментот, сепак, одговори на написот на весникот.

„Го кажавме тоа и претходно и ќе го повториме: постапките зборуваат погласно од зборовите.

„Кремљ продолжува да ја ескалира оваа војна. Кремљ ја покажа својата неподготвеност сериозно да се вклучи во преговорите дури и пред да ја започне својата целосна инвазија на Украина“, додаваат тие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…