Објавено на:

Вашингтон пост: Сенатот подготвува caнкции пpотив Путин во случај на руска okyпација на Украина

t

Американските сенатори демократи имаат подготвено нацрт закон за пакет санкции за рускиот претседател Владимир Путин во случај Москва да изврши воена окупација на територијата на Украина, јави денеска Вашингтон пост.

Според весникот, Белата куќа го поддржува нацрт законот.

Спонзор на документот е Роберт Менендез, демократ од Њу Џерси, претседавач со Комитеот за надворешни работи во Сенатот. Тој изјави дека законот испраќа јасна порака до Русија: „Путин нема потреба да ја уништи целата економија, ниту треба да ги жртвува животите на своите сонародници во напразен обид да ги прекрои границита на Европа“.

Постои уште еден нацрт закон за казнени мерки против Русија во случај на ескалација на конфликтот со Украина подготвен од сенаторите републиканци. Документот се однесува на гасоводот „Северен тек-2“ од Русија до Германија, по дното на Балтичкото Море.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден претходно ја напушти идејата за санкции против „Северен тек-2“. Вашингтон тоа го направи од загриженост дека таквите дејства ќе ги поткопаат односите на САД со сојузниците.

Гласањето за санкциите во Сенатот е закажано за 14 јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран тврди дека сè уште ја контролира…

Иран ја задржува иницијативата во Ормускиот теснец,…

Адмирал на НАТО: Силите на Алијансата се…

Силите на НАТО се подготвени за потенцијален…

(Видео) Масовен напад со дронови врз Москва,…

Москва и поширокиот московски регион во текот…

Пекинг му одговори на Вашингтон: Не прифаќаме…

Кина остро реагираше на новите американски мерки…

Мицкоски од САД: Ги исполнуваме обврските од…

Ние испорачуваме и го правиме тоа што…