Велешанец пронајден мртов кај дуќаните на Нов мост во Велес
Пред дуќаните на Нов мост „Гемиџии“ на улица „Илинденска“ во Велес, изутрината е пронајдено тело на починат маж Т.Ѓ роден 1970 година, информира за МИА портпаролот на СВР Велес Билјана Ѓаковска. Таа појасни дека во 10 часот добиле известување од службата за Итна медициска помош, за машко лице кај Нов мост, по што нивна екипа отишла на увид на местото на настанот.
Од Итна медицинска помош соопштија дека во 09:50 часот од страна на граѓани добиле повик за лице во безсоознание во близина на Агенција за вработување. Но кога нивната екипа пристигнала, лицето го пронашла не долу кај Агенцијата за врабтување туку горе кај дуќаните на Новиот мост близу до ДОЗ. Екипата на Итна медицинска помош само констатирала смрт без траги на насилство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…
Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…
(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…
На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…
Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…
Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…
Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…
Запрен романски камион во возната лента можеби…