Велешани повторно заработуваат на Трамп: Продаваат картички со ликот на поранешниот претседател
Група велешани повторно мамат и заработуваат на интернет, со продавање „милионски“ картички кои би добиле на вредност кога Трамп ќе победи, открива Радио слободна Европа. Ова е втор случај да заработуваат благодарение на Доналд Трамп, откако на претходните претседателски избори во САД, велешани креираа повеќе од 100 политички веб-страници, каде се споделуваа лажни вести, кои ја фаворизираа политиката на Доналд Трамп.
Според истражувањето на Радио Слободна Европа (РСЕ) идентификувани се 69 луѓе кои создале лажни понуди за продажба на дебитна картичка со ликот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп (Trump). Пронајдени се и 88 веб-страници преку кои се нудат различни производи на, како што е посочено, „американските патриоти“.
Жртва на велешаните била бабичка од 86-години од САД, Ен Братон, која мислела дека нашла инвестиција во која ќе вложи шест илјади долари и ќе заработи четири милиони. Не ни насетила дека зад огласот за купување „Трамп картички“, поради кој изгубила илјадници долари, можно е да стои група луѓе од малото гратче Велес во Северна Македонија, кој веќе стекна неславна репутација по користењето на името на поранешниот претседател на Америка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсена велешанка која се обидела да го…
Полицијата во Велес уапси 30-годишна велешанка поради…
Велешанка физички нападната во нејзиниот дом
71-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом…
Во автомобилот му наше бела грутчеста материја,…
МВР информира дека доцна синоќа во 22:20…
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Велешанец излегол на викенд од затвор, полицијата…
Велешката полиција привела затвореник, кај кого нашла…