Објавено на:

Великани на спортот: НБА кошарка и Формула 1

t

Великани на спортот(3.)

НБА кошарка

Денес нешто поконкретно за НБА кошарката и Формула 1 светското првенство во автомобилизам, како големи светски брендови, кои “вртат“ милијарди долари и привлекуваат милиони и милиони вљубеници во убавината на кошарката и брзините и возбудувањата на “најголемиот спортски циркус на светот“ – Формула 1.

Најатрактивниот спортски бренд во светот секако е НБА. Тоа е надалеку познатата професионална кошаркарска лига на САД, чии натпревари се гледани во најголем број држави во светот. Вредноста на овој бренд е околу 45 милијарди долари во сопственост на 30 клубови. Финансискиот обрт кај овој бренд изнесува околу 30 милијарди долари. Само од договор за телевизиски права професионалната кошарка во САД остварува заработка од 2-3 милијарди долари. Од маркетиншките договори заработката е  двојно поголема.

Инаку овој спортски бренд е познат по тоа што ги дава најатрактивните индивидуални спортски брендови, т.н. спортски икони на професионалната кошарка. Од стартот на оваа професионална лига па сè до денес тоа се: Џери Вест, Вилд Чембрленд, Бил Расел, Пит Марович-Пистол, Лари Бирд, Меџик Џонсон, Карим Абдул Џабар (Лу Алсиндор), Мајкл Џордан, Шекил О’Нил, Коби Брајант, Леброн Џејмс и други. Сите тие се кошаркарските уметници, кои ги дадоа најатрактивните кошеви од кош-на-кош, најдобрите „тројки“, виртуозните дриблинзи, еден на еден, волшебните додавања „на невидено“ позади грб, под нога или меѓу нозе, хорок-ударите, популарно наречени “небески удици“ и генијалните „забивања“, кои кај публиката предизвикуваат воодушевеност што се граничи со восхит, па дури и занес.

Преку овие атракции на професионалната кошарка се создадоа „докторот“ Џулиус, „магичниот“ Џонсон, „јадицата“ Џабар, „пистолот“ Пит, „летечкиот“ Џордан, „животното“ Шекил и „убиецот“ Коби Брајант. Тоа се најголемите спортски икони и  идоли на младите од целиот свет во кошарката, примери што сите сакаат да ги следат и достигнат. Им успева на малкумина. Засега тоа му успева на Леброн Џејмс, најголемата ѕвезда на професионалната кошарка во САД, после напред наведените.

Формула 1

Секој настан во современиот живот се одликува со динамика на планирање и организирање, темпо на реализирање, тоналитет во изразот и неизбежна драматика во целокупното одвивање. Светското првенство во Формула 1 само по себе е настан par excellence. Спектакуларен настан што пленува и воодушевува милиони луѓе. Тоа се вљубеници на автомобилизмот, брзините и трките. Формула 1 е огромна бренд приказна сочинета од повеќе поединечни и лични бренд-приказни. Тоа е приказна за шампионите на автомобилизмот, победниците на трките и патеките, неминовните и несакани трагедии, легендите за човекот, автомобилот и натпреварувачкиот тим. Тоа се легендите за модерните арени, наречени автодроми, како што се Монца, Имола, Монако, Хокенхајм, Силверстоун, Хунгароринг и др. На нив се создадоа модерните митови за Хуан Мануел Фанџо, Џеки Стјуарт, Емерсон Фитипалди, Ники Лауда, Ален Прост, Аиртон Сена, Дејмонд Хил, Мика Хакинен, Михаил Шумахер, Фернандо Алонсо, Луис Хамилтон, Себастијан Фетел и др.

Вообичаено се вели дека војниците умираат на бојното поле. Но, тоа сигурно не важи за натпреварувачите во автомобилизмот. Особено за шампионите, најдобрите, непобедените. Тие ја  пишуваат историјата, преминуваат во легенди, од нив се создаваат митови. дека е така ќе ги споменам најдобрите тројца мускетари на Формула 1.  Легандарниот Фанџо, шампионот до последен здив Сена и Црвениот барон, Шумахер. За Фанџо најповеќе сум читал и слушал, на Сена бев и останав обожавател, а за Шумахер и неговите резултати имам респект. Во следната колумна ќе бидат претставени Фанџо и Шумахер.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ке биде ли младиот Андреј Јакимовски вториот…

Најдобриот млад кошаркар на Македонија, Андреј Јакимовски …

Јокиќ нерашлива енигма за противниците

Aктуелниот шампион Денвер продолжи со одличните настапи…

Кукоч: Јокиќ се уште не е подобар…

Легендарниот кошаркар Тони Кукоч смета дека Никола…

Балканците рушат рекорди: Дончиќ стана прв играч…

Кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ, постави…

Голден Стејт се врати на НБА тронот

Голден Стејт продолжува да пишува историја и…