Венецуела го затвора најозлогласениот затвор, Родригез најави амнестија за политички затвореници
Вршителката на должноста претседател на Венецуела, Делси Родригес, објави предлог-закон за општа амнестија кој би можел да доведе до ослободување на стотици политички затвореници. Оваа одлука е дел од серијата отстапки на новите власти во Каракас по апсењето на досегашниот претседател Николас Мадуро од страна на американските сили на почетокот на јануари.
Родригес вели дека амнестијата ќе ги опфати сите случаи на политичко насилство од 1999 година до денес. Сепак, од законот ќе бидат исклучени лицата осудени за убиства, трговија со дрога, корупција и тешко кршење на човековите права. Таа упати барање до Националното собрание за целосна поддршка, со цел законот да придонесе за заздравување на раните од долготрајната политичка конфронтација и екстремизам.
Дополнително, владата донесе одлука за затворање на „Ел Хеликоиде“, најзлогласниот притворен центар во земјата, кој со години беше симбол на репресија. Планирано е овој објект во Каракас да биде трансформиран во социјален, спортски и културен центар за локалната заедница и семејствата на полициските службеници.
Најавата за амнестија се совпадна со потврдата од американските власти дека се ослободени сите државјани на САД кои беа притворени во венецуелските затвори. Вашингтон во изминатиот период континуирано инсистираше на ослободување на сите политички затвореници како дел од барањата на администрацијата на Трамп по смената на власта во Венецуела.
Опозициските лидери и организациите за човекови права изразија воздржан оптимизам, укажувајќи дека овие потези се резултат на меѓународен притисок и дека е неопходно целосно демонтирање на апаратот за политички прогон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девојче преживеало со кечап и мајонез, 32…
Од речиси 50 лица кои живееле во…
Бројот на жртви во Венецуела се искачи…
Една недела по катастрофалните земјотреси што ја…
(Видео) По шест дена под урнатините, извлечено…
По шест дена поминати под урнатините од…
Повеќе од 43.000 луѓе се уште се…
Повеќе од 43.000 луѓе сè уште се…
(Видео) Нова трагедија во Венецуела: Експлозија на…
Најмалку осум работници се повредени во експлозија…