САД постигнаа договор со Венецуела за контрола на нејзините нафтени резерви
САД постигнаа договор со Венецуела за контрола на повеќе од 65 милијарди барели од венецуелските резерви на нафта, објави претседателот Доналд Трамп.
„Оваа историска трансакција повеќе од двојно ги зголемува американските резерви на нафта, значително го зголемува нашето снабдување со нафта и значително ќе ги намали цените на бензинот за сите Американци“, објави Трамп на социјалните мрежи.
Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, го поздрави договорот како нешто што ќе помогне во економското заживување на нејзината нација.
Државниот секретар Марко Рубио го нарече договорот за нафта „огромна победа и за американскиот и за венецуелскиот народ“, објави Би-Би-Си.
„За венецуелскиот народ, овој договор ќе донесе речиси 100 милијарди долари приватни инвестиции, ќе поддржи илјадници високо платени работни места и ќе го поттикне обновата на економијата на Венецуела“, напиша Рубио на социјалните мрежи.
Во својата објава, Трамп рече дека Рубио и министерот за одбрана Пит Хегсет го постигнале договорот со раководството на Венецуела „преку партнерство со приватен бизнис“.
Тој не даде дополнителни објаснувања за партнерството, ниту ги опиша можните обврски и услови за САД во договорот, но тврдеше дека договорот е постигнат „без никакви трошоци за американските даночни обврзници“.
Според договорот, американската влада ќе задржи 55 отсто контрола врз заедничко вложување со „искусен приватен оператор во Венецуела“, изјави американски функционер за а Би-Би-Си.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…