Венко Филипче добивал смртни закани – Па побарал од МВР личен шофер од наши пари
Поранешниот министер за здравство Венко Филипче побарал полициска заштита, наводно затоа што добивал закани по неговиот живот.
Ова го јави Радио Лидер – медиумот се повикува на информации добиени од полициски извори. Барањето завчера било доставено до МВР. Филипче побарал МВР да му обезбеди и личен возач.
За време на мандатот, Филипче беше третиран како ѕвезда од дел од јавноста, но беше и обвинуван за голем број корупциски скандали, поврзани со набавката на вакцини, наводен рекет врз компанија за дијализа и со градежните зделки на падините на Водно.
За какви закани станува збор нема детали, но, јасно е дека поранешниот министер и понатаму ќе биде обезбедуван на државна сметка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…
Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…