Венко Филипче е единствен кандидат за претседател на СДСМ за изборите на 16 март

t

Претседателот Венко Филипче е единствен кандидат за претседател на СДСМ на редовните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 16 март 2025 година, утврди Централната изборна комисија.

Комисијата одржа седница за разгледување на поднесените кандидатури за Претседател на СДСМ и утврдување на листа кандидати за редовните внатрепартиски избори.

Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за Претседател на СДСМ:

1. Венко Филипче

Одлуката на Комисијата ќе биде објавена на веб страната на СДСМ заедно со програмата на кандидатот а ќе биде доставена и до сите Општински изборни комисии.

СДСМ е единствената партија во земјата во која што членството бира претседател на директни внатрепартиски избори што говори за демократскиот капацитет и на партијата и на членовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…

Падот почна од СДС, Венко Филипче и…

Фала на поддршката ама и вие и…

Српски студент како глас на српските стденти…

Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…

ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…

СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…