Објавено на:

Венс: САД и Иран се блиску до договор, преговорите се уште се во тек

t

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, денес изјави дека Вашингтон и Техеран се многу блиску до постигнување договор, но дека преговорите се уште се во тек и дека не е сигурно кога американскиот претседател Доналд Трамп би можел да потпише меморандум за разбирање.

„Сè уште не сме таму, но сме многу блиску и ќе продолжиме да работиме на тоа“, им рече Венс на новинарите, коментирајќи ги преговорите со Иран. Тој, како што објавија медиумите, изјави дека двете страни постигнале „голем напредок“, но дека сè уште има несогласувања околу одредени формулации во текстот на евентуалниот договор.

„Тешко е да се каже точно кога или дали претседателот ќе го потпише меморандумот за разбирање. Сè уште ги усогласуваме одредени јазични формулации“, рече Венс.

Според него, иранските преговарачи „сакаат договор“, но сè уште се дискутираат одредени прашања, вклучително и можни ограничувања на нуклеарната програма на Иран. „Разменуваме предлози со нив. Веруваме дека, барем засега, тие преговараат со добра волја и ние постигнуваме одреден напредок“, рече Венс.

Тој изрази надеж дека преговорите ќе напредуваат и дека Трамп ќе биде во позиција да го поддржи договорот, но нагласи дека тоа сè уште не е сигурно. Американски извори претходно изјавија дека е постигнат прелиминарен договор за меморандум за разбирање со кој ќе се продолжи прекинот на огнот меѓу САД и Иран за 60 дена и ќе се отворат преговори за иранската нуклеарна програма, но дека сè уште се чека одобрение од претседателот Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се…

Стоици илјади Иранци денеска учествуваа на владиниот…

Пекинг му одговори на Вашингтон: Не прифаќаме…

Кина остро реагираше на новите американски мерки…

Мицкоски од САД: Ги исполнуваме обврските од…

Ние испорачуваме и го правиме тоа што…

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави…

Ние испорачуваме и го правиме тоа што…

Белорусија ослободува политички затвореници во замена за…

Белорусија започна нова рунда помилувања на политичките…