Објавено на:

Весиќ го промовираше новиот брз воз: Белград-Скопје за два часа, Белград-Будимпешта за три!

t

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија Горан Весиќ преку својот профил на Тик Ток го промовираше новиот брз воз, кој ќе сообраќа меѓу Белград и Будимпешта за само три часа, а до Скопје за помалку од два часа.

„Дали знаете дека наскоро ќе можете да стигнете до Будимпешта за помалку од три часа со овој брз воз? Јас сум во најновиот брз воз што ќе сообраќа од Белград до Будимпешта. Ова е најмодерниот воз во Европа, а ќе вози со брзина од 200 km/h. Јас сум во прва класа на новиот брз воз. Квалитетот на втората класа е скоро ист, се разликува само по бројот на седишта Погледнете, овде можете да ги полните мобилните телефони, лаптопот, да имате бесплатен Wifi и секако да ручате. Овој воз е долг 103 метри, има 250 седишта, а како што можете да видите – луксузно е опремен. Имаш простор за велосипеди, можеш убаво да си го ставиш велосипедот, да одиш од Белград до Будимпешта, да возиш низ Будимпешта. Што го прави овој воз единствен во светот? Има свои литиумски батерии, доколку снема струја можно е возот да помине 10 km со брзина од 30 km/h. Србија во моментов купува најмногу брзи возови во Европа. И затоа нашите граѓани за три часа ќе одат во Будимпешта, за 100 минути во Ниш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…