Ветено, исполнето – министерот за спорт на терен промовира нови проекти
Министерот за спорт, Борко Ристовски, неуморно на терен. Изврши увид на локацијата каде што е планирана изградба на нова атлетска патека во Гевгелија. Оваа иницијатива произлегува од барањето на група спортски работници, изнесено за време на предизборните посети.
Со овој проект, Гевгелија ќе добие модерна атлетска патека, која ќе биде клучна за развој на атлетските активности во градот и околината. По детална анализа, е избрана најсоодветната локација и е подготвен елаборат за изградба.
На увидот присуствуваа и претставници од Атлетскиот Клуб 7-ми Ноември, кои ги дискутираа идните планови и активности со Министерството за спорт.
„Оваа патека ќе придонесе кон создавање подобри услови за тренинг и натпревари, поттикнувајќи го спортскиот развој на локално ниво. Проектот за изградба на атлетската патека е дел од напорите за подобрување на спортската инфраструктура и се очекува да започне наскоро. Оваа нова патека ќе биде важен ресурс за сите љубители на спортот во Гевгелија“ изјави министерот за спорт, Борко Ристовски.
Тој присуствуваше и на свеченото пуштање во употреба на ново спортско мултифункционално игралиште во Давидово.
Ова игралиште ќе им овозможи на жителите на Давидово и околината да се занимаваат со различни спортови и активности, како што се кошарка, фудбал, одбојка и други.
„Изградбата на ова современо спортско игралиште е дел од нашата посветеност да го унапредиме спортскиот живот и да создадеме здрави услови за рекреација и дружење. Верувам дека оваа нова инфраструктура ќе поттикне многу млади луѓе да се занимаваат со спорт и да водат активен и здрав начин на живот. Исто така, се надевам дека ова игралиште ќе биде место каде што сите генерации ќе можат да се собираат, да играат и да се дружат“ рече Ристовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пијан 29-годишник дивеел во полициска станица: Откако…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе…
Поднесено обвинение против Ендрју Тејт за трговија…
Романските обвинители денеска поднесоа обвинение против инфлуенсерот…
Млад кавадарчанец со фалсификувано свидетелство од скопско…
ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци…
Вучиќ: Подготвен сум да бидам премиер
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се…
Бројот на рецепти за лекови за слабеење…
Бројот на рецепти за лекови за слабеење…