Вечерва не го пропуштајте финалето од Лигата на Европа
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ги искажа своите очекувања за вечерашното финале со Севилја во Лигата на Европа.
– Поминавме долг пат, за разлика од нашиот противник кој дојде овде од Лигата на шампионите. Поминавме 14 натпревари за да бидеме тука и секако го заслуживме финалето. Нашето време доаѓа. Би рекол дека историјата не навлегува на терен, иако колегата мисли поинаку. Севилја верува дека традицијата им дава предност и ние тоа го почитуваме. Но, заслуживме пласман во финалето. За нив финалето во Лига Европа е вообичаена работа, за нас е нешто извонредно. За нив финале во европските купови е како лигашки натпревар, за нас тоа е историски настан, изјави Мурињо.
Последниот натпревар за сезоната 2022/23 во второто по квалитет фудбалско натпреварување во Европа ќе се игра вечер од 21 часот на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта. Победникот на Лигата Европа ќе избори право на настап следната сезона во Лигата на шампионите.
Севилја е најтрофеен тим во ова натпреварување со шест титули, Рома нема ниту една.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три пушки и три пиштоли пронајдени кај…
При претрес во Битола, пронајдено е оружје…
Воз излета од шини во Франција: Повеќе…
Најмалку 44 лица се повредени, од кои…
Грција петкратно го зголемува данокот на имот…
Грчката влада има намера значително да го зголеми…
Најмалку 12 лица повредени во рускиот напад…
Најмалку 12 лица се повредени во масовен…
УЈП ја објави листата на должници: 2.008…
Даночен долг кон државата од над 13,64…