(Видео) Авионите на НАТО полетаа 370 пати во 2021 година за да пресретнат странски авиони

t

Авионите на НАТО полетаа 370 пати во 2021 година за да пресретнат ненајавени авиони над европското небо во близина на воздушниот простор на сојузниците во 2021 година, пренесува Агенција Анадолија.

Според соопштението на НАТО, 270 од вкупно 370 полетувања на авионите на НАТО се случиле како одговор на руските авиони.

Огромното мнозинство пресретнувања на руски авиони се случиле во балтичкиот регион, каде што НАТО спроведува воздушна патролна мисија за Естонија, Латвија и Литванија.

Пресретнувањата генерално поминаа без да настанат проблеми.

Авионите на НАТО ги следеле овие авиони сè додека не го напуштат воздушниот простор на НАТО. Се истакнува дека мал број странски авиони влегле во воздушниот простор на НАТО.

Меѓу другото, низ Европа повеќе од 60 воени авиони на НАТО се постојано на висока готовност за да можат да пресретнат други воени авиони или цивилни авиони што изгубиле контакт со контролните кули.

НАТО има два центри за воздушни операции во Европа. Центарот во Германија е одговорен за северниот дел на централниот континент, додека центарот во Шпанија е одговорен за јужниот дел. Оттаму се следат сите движења низ Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“…

Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од…

Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…

Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…

Трамп: Путин сака договор за завршување на…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…

Директорот на ЦИА презема поголема улога во…

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…

ЕУ ѝ дава на Шпанија 115 милиони…

Европската унија соопшти дека ѝ доделува на…