Објавено на:

(Видео) Авион се урна во населено место: Стотици луѓе без струја

t

Мал патнички авион, најверојатно „Лирџет 35“, се урна во градот Ел Кахон во областа Сан Диего во Калифорнија.

Засега не е познат бројот на жртвите во оваа несреќа, а авионот при падот ги урна електричните кабли, оставајќи стотици жители на овој град без струја, пренесува Спутник.

Авионот се урнал во близина на раскрсницата на Пепер Драјв и улицата Норт Втора околу 19 часот по локално време и се запалил, јавуваат американските медиуми.

Канцеларијата на шерифот во Сан Диего соопшти дека авионот летал кон аеродромот Гилеспи Филд и дека истрагата е во тек, додека други детали за несреќата не се познати. Канцеларијата на шерифот ги предупреди луѓето да го избегнуваат местото на несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција се подготвува за првиот лет на…

Анкара – Турција се подготвува да ја заврши…

Како на филм: Украински пилот пребегна во…

Пилотот веќе се наоѓа на руска територија…

Во Кривичниот суд продолжи судењето за Ласкарци

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…

ПАНИКА ВО АВИОНОТ НА ВИЗЕР ОД БЕЛГРАД…

Патниците од Белград кои полетаа од аеродромот…

(Видео) Се урна мал авион во сред…

Мал авион се урна во населено место…