Објавено на:

(Видео) Албанија се бори со девет активни пожари, околу 450 луѓе на терен

t

Албанија и натаму се соочува со сериозна состојба со шумските пожари, со девет активни жаришта регистрирани во повеќе делови од земјата.

Според Министерството за одбрана, пожарите се активни во регионите Дебар, Тирана, Драч, Корча и Ѓирокастро, а на терен се ангажирани околу 450 припадници на службите кои работат на нивно гаснење и ставање под контрола.

Најголем број сили се распоредени во областа Лура, во регионот Дебар, каде што се ангажирани околу 200 луѓе. Таму продолжуваат интензивните активности за локализирање на огнената стихија.

Противпожарните екипи и припадниците на вооружените сили се распоредени и на останатите критични точки, додека надлежните институции ја следат состојбата и ги координираат активностите на терен.

Засега нема конечна проценка за материјалната штета предизвикана од пожарите.

Во меѓувреме, албанскиот претседател Бајрам Бегај им се заблагодари на пожарникарите, припадниците на вооружените сили и на сите кои учествуваат во справувањето со пожарите во услови на високи температури.

Бегај повика на внимателност и одговорност од граѓаните, но истовремено побара и строго санкционирање на оние кои намерно предизвикуваат пожари.

„Сторителите кои ја палат земјата мора да бидат строго казнети согласно со законот“, порача Бегај, повикувајќи ги граѓаните да ги почитуваат упатствата на надлежните и да придонесат во заштитата на животите, имотот и природата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Русија се обидува да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Се бара укинување на ветото во ЕУ,…

11 земји членки на Европската Унија побарале…

Кипар со најголем пад на туризмот во…

Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…

Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…

Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…