(Видео) Андов: „Скопското крило“ на СДСМ е консолидирано и стои позади Венко Филипче

t

Мислам дека новиот претседател Венко Филипче ќе ја консолидира партијата и дека ќе ја извади на добар пат, вели во гостување во „Тешки муабети„ поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје, Филип Андов.

– Консолидација ќе има, тврдам и ќе има резултат за многу брзо време. Сите вистински борци и членови треба да застанат позади Венко Филипче, вели Андов.

– Да настапуваше пред избори за партијата, како што се бореше внатре во партијата, Јован Деспотовски, ќе имавме уште еден пратеник. Ако потрошил толку пари колку што се зборува во јавноста, уште 2-3 пратеници плус ќе земевме, вели на шега Андов.

Како што вели тој, „скопското крило“ на СДСМ е консолидирано и стои позади Венко Филипче.

– Или си ја сакаш, или не ја сакаш партијата, другото е се паушален муабет. Тие се буквите, кој и да биде претседател или си, или не си СДСМ, вели Андов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…