(Видео) Арсовска порача: Периодот на неказнивост заврши – Ќе има санкции и загадувачите на животната средина ќе се објавуваат јавно
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во гостување во емисијата Вин Вин зборуваше за загадувачите на животната средина кои години наназад не биле санкционирани. Арсовска истакна дека периодот на неказнивот е завршен и дека санкции ќе има за сите неселективно.
“Средства има на располагање за сите кои сакаат да се придвижат кон зелената транзиција, тоа што Македонија е една од најзагадените земји во светот треба да биде приоритет. Јас сум човек кој боледувал од рак, имам луѓе во семејството и пријатели кои ги познавам. Зарем ништо да не превземем на оваа тема? Од таму беше идејата за чистење на депониите.
За санкционирањето таа е една од казните, секогаш кога се работи за некој кој превземал такви активноти нормално е дека нема да сака да плати. Затоа сега повеќе неказнивост нема да има, ќе се санкционира неселективно, се изрекуваат казни и така ќе биде и понатаму!
Тоа што некој се обидува да не плати тоа е негово право меѓутоа и наше право е да се бориме да правдината излезе на онаа страна на која што е. Ние ќе преземеме системски мерки за да ги следиме овие процеси, со повеќе мерки за да се донесе квалитетно решение за да се реши проблемот системски.
А ќе преземеме и нешто друго, јавно ќе ги објавуваме овие загадувачи па нека се борат тие на кои начини сакаат, ќе објавуваме и фотографии како загадуваат. Никој не може да си игра со животот и здравјето на граѓаните и да користи дупки во законот за да не плати.” – вели Арсовска.
Погледнете ја емисијата на следниот линк: https://www.facebook.com/TVTelma/videos/714533683288415
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД најавуваат нови царини кон Канада и…
Портпаролот за трговија на САД, Џејмисон Грир,…
САД ги вратија санкциите врз руската нафта
Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, дозволи…
Вучиќ: Ги молам нашите руски пријатели да…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека знае…
АРСОВСКА ГО ВРАТИ ЌОСЕТО:Ова е уште еден…
Споменикот од пред комплексот судови го отстрани…
Вучиќ : Србија нема да воведе caнкции…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…