(Видео) Арсовски: АД Славија секоја година има приходи од 50 милиони денари

t

Молкот на цела Влада на СДСМ, вклучително и на новиот пиун на Заев, Димитар Ковачевски, кој се уште се нема произнесено по ниту едно прашање, па ниту и за продажбата на АД Славија, е само показател дека сакаат АД Славија да ја продадат свесно обезвреднета, по цена од основачкиот удел од 218.000 евра, а не по пазарна проценета вредност од страна на институциите. Срам, блам и лудило на власта. Целиот имот на АД Славија , уште еднаш да повториме, со се атрактивни земјишта и имоти чини над 20 милиони евра, изјави денеска за медиумите Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека со овие документи кои денеска ќе ги изнесе за јавноста и медиумите, ќе ги демантира СДСМ во неколку наврати, во обидот да се извлечат од овој криминален процес во најава со нивни прес конференции.

– Ова е документ официјален од Централниот регистар, каде што се гледаат годишните приходи и текови на парите на АД Славија.
Ова е листинг од обработена годишна сметка од Централен регистар на АД Славија. Секоја година, АД Славија има приходи од работењето на самата компанија од околу 50 милиони денари. Тоа се околу 70-80.000 евра месечно приходи зависно од месец кои што легнуваат на контото на АД Славија. Според нашите информации во моментов на сметката на АД Славија има околу 6 милиони денари или 100.000 евра, што значи новиот купец кој што би ја купил за 218.000 евра Славија доколку не се одложи како што апелираме, би си добил и пари на сметка кога ќе ја купи фирмата и акциите и практично може да му се за фати за 100.000 евра да купи таква компанија бидејќи нели ќе му се вратат овие 100.000 евра на сметка. Од друга страна, во делот пасивата во годишната сметка може јасно да се види дека обврските на АД Славија се 253.271.232 денари или 4.2 милиони евра обврски и долг. Како и што рековме во изминатите прес конфереции, не е долгот како што лажеа во Владата на оние прес конференции дека бил 17 милиони евра или многу повеќе, долгот е само 4.2 милиони евра, појасни Арсовски.

Портпаролот посочи дека и покрај ваков долг, со вакви приходи на годишно ниво, АД Славија со целиот свој имот, земјишта и работење има вредност од над 20 милиони евра.

– Сакам уште еднаш јавно да им порачам, да се повлечат од продажбата на АД Славија која што ја подготвуваат на ваков срамен начин. Фирма која приходува и книжи добивка на годишно ниво, не може да биде продадена како фирма која на пример долгува над 50 милиони евра. Не, оваа фирма долгува само 4,2 милиони евра, приходува секоја година околу 50 милиони денари, има на сметка стотина илјади евра и има земјиште и целокупен имот во акциите околу 20 милиони евра. Навистина е срамота ова и ако не се повлечат од продажбата некој сериозно ќе одговара, додава Арсовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во новиот мандат на СДСМ 1,35 милијарди…

СДСМ во новиот мандат обезбедува историски највисока…

Главното прашање на овие избори е европската…

Главното прашање на овие избори е европската…

СДСМ: Со ДПМНЕ е можно само враќање…

Со ДПМНЕ е можно само враќање назад…

Оливер Андонов: Шизофренија

Шизофренијата е сериозна ментална болест, но како…

Пендаровски: Целосен ветинг на судии и обвинители,…

На вториот ден од победничкиот караван, кандидатот…