(Видео) Арсовски: Дали ЈО ќе отвори случај за Зоран Заев и брат му, кои управувале и контролирале обвинители?

t

Зоран Заев управувал и контролирал судии и обвинители. Зоран Заев е човекот кој е на врвот на криминалното милје во Република Македонија изминативе години, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тоа го сведочат и многу луѓе коишто имале блиски контакти со него. Сведоштва и тврдења за рекетирање на бизнисмени, сведоштва и тврдења за контролирање на судии и обвинители, сведоштва и тврдења за вмешаност во криминал. Сето ова поврзано со еден човек тоа е Зоран Заев.

Таткото на Бојан Јовановски, обвинет во „Рекет“ и во „Меѓународен сојуз“, Миле Јовановски, јавно сведочеше и изнесе дека Зоран Заев и наредувал на Катица Јанева да враќа пасоши и да ослободува луѓе кои претходно ги уценувале.

Замислете, во два наврати слушаме сведоштва и тврдења каде што братот на Зоран Заев, Вице Заев се заканувал по животот на луѓе, само за да молчат и да не ја говорат вистината, односно да ја преземат неговата целосна вина којашто ја имаат тие.

Јавно во писмо од обвинетиот за „Меѓународен сојуз“ и „Рекет“ Бојан Јовановски, целата јавност можеше да прочита дека фамилијата Заеви рекетирале бизнисмени, за коишто имало и докази во одредени телефони и конверзации на апликации.

Затоа јавно прашуваме, дали се вештачени и доколку се вештачени, до каде е вештачењето на тие телефони?

Зошто телефонот на Зоран Заев и на неговиот брат не е вештачен, односно не се земени за вештачење, за да се види какви се конверзации има внатре и вмешаноста во овие случаеви?

Јовевски вели дека биле преземани постапки по кривични пријави против лица од власта и од Обвинителството, којшто ги поднел обвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски, а истото тоа Обвинителство против луѓе кои имаат поднесено кривични пријави, не ги изземаат од случаеви само за да ги покриваат криминалите.

Дали Обвинителството конечно ќе отвори случај и за Зоран Заев и за брат му, за да конечно излезе вистината на виделина?

До кога Обвинителството ќе ги штити главните виновници во случајот „Рекет“?

До каде се кривичните пријави коишто ги поднел обвинетиот Бојан Јовановски кон лица од власта, меѓу кои од врвот на СДСМ?

Правосудството во Република Македонија се покажа и докажа изминативе години дека е контролирано од Зоран Заев и тоа е факт којшто го знаат сите и не може да се промени. Тој тужи, тој суди, тој рекетира и тој одлучува што понатака со човечки судбини – истакнува Арсовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како може лидер да не ја…

Лидер е човек кој тоа што ветил…

(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…

Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…

Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…

Одговорноста има име и презиме, тоа е…

МНОГУМИНА СЕ ПЛАШАТ ОД МОЕ ВРАЌАЊЕ ВО…

Поранешниот премиер Никола Груевски во ексклузивно интервју…

Османи-Липавски: Уставните измени се единствена можност за…

Во рамки на работната посета на Чешка,…